Ни претставува чест и големо задоволство официјално да го најавиме одржувањето на претстојната конференција „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“, коja ќе се одржи на 27.09.2018 (четврток), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток од 11:00 часот.
Конференцијата има за цел да опфати и дискутира теми и прашања од областа на:
- Internet of things
- Security
- Cloud Computing
МАСИТ по петнаесетти пат традиционално ја организира својата годишна конференција, како успешен собир на сите ИКТ чинители од земјата а и регионот, и во рамки на истата предвидено е да бидат присутни околу 200 учесници вклучувајќи ги: претставници од домашните ИКТ компании и компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, претставници од државни институции и Министерства, претставници на донаторската заедница, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар, медиуми и други.
Повеќе детали за темите и говорниците можете да најдете во АГЕНДАТА.
Регистрациската форма за присуство на конференцијата е достапна на следниот ЛИНК.
*Присуството на Kонференцијата е бесплатно со задолжителна претходна регистрација
За сите дополнителни прашања или потреба од дополнителни информации ви стоиме на располагање (контакт лице Елена Столеска, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 075 280 507).