ENGLISH

Ни претставува чест и големо задоволство официјално да го најавиме претстојниот Форум „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“ коj ќе се одржи во Битола, во хотел Епинал, на 24.09.2018 (понеделник) со почеток од 11:00 часот и во Скопје, во хотел Александар Палас, на 26.09.2018 (среда) со почеток од 11 часот.

Целта на Форумот е да се обработат и дискутираат теми поврзани со даноците и работните односи, кои се специфични за ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот, односно:

  • даночна регулатива (данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок) и
  • работна сила (зголемување на обемот на достапна ИКТ работна сила, планирање и регрутација на работна сила, доквалификација и реквалификација на кадар).

На средбата ќе бидат присутни претставници на бизнис заедницата, јавниот сектор, здруженијата на граѓани, и секако партнерите на МАСИТ и останатите Комори од Македонија, регионот и пошироко. На крајот на Форумот предвиден е дел на кој ќе се зборува за усогласеност на компаниите со законската регулатива во Република Македонија.

Форумот се организира од страна на МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Целта на овој проект е да се подобри усогласеноста на микро, малите и средни претпријатија со законските регулативи а воедно и да се поддржат коморите во воспоставувањето на конструктивен дијалог со надлежните институции со цел подобрување на регулативата.

Повеќе детали за темите и говорниците можете да погледнете на:

АГЕНДА БИТОЛА, 24.09.2018

АГЕНДА СКОПЈЕ, 26.09.2018

Присуството на Форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација. Регистрациската форма за присуство на наведените настани е достапна на следниот ЛИНК.

За сите дополнителни прашања или потреба од дополнителни информации ви стоиме на располагање: контакт лице Елена Столеска, This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., 075 280 507.

Save the date Forum final