Kонференција за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени денови

24-25 Октомври 2013

На 24-ти и 25-ти октомври 2013, во Скопје, во Музејот на Народна Борба, Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии-МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Република Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства-ADETEF и француската агенција за промоција на извозот-UBIFRANCE,организираше Конференција за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени Денови, како еден од најзначајните настани во областа на ИКТ во Југоисточна Европа.

Министерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Иво Ивановски, Амбасадорката на Република Франција, Г-ѓа Лоренс Оер и Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Слаѓан Михајловски, се обратија на присутните. 

                                     

На конференцијата беа презентирани достигнувањата на Владата на Република Македонија во развојот на „E– Влада“,како и тоа кој е моменталниот статус и ИКТ плановите одредени владини институции во иднина. Дополнително, беа споделени искуствата на француските компании и капацитетот на македонските компании од ИКТ индустријата во делот на градење и развојот на „Е - Влада услуги и решенија“.

                                       

Конференцијата претставуваше можност за поврзување на напорите помеѓу Владата и ИКТ бизнис заедниците во Република Македонија и Франција, како и подобрување во областа „E – Влада преку иновација, претприемништво и трансфер на експертиза и искуство. Дополнително за време на конференцијата  имаше простор за запознавање со новостите во клауд- компјутинг и мобилни технологии, како и можност за средби на асоцијациите од регионот на Југоисточна Европа“-изјави Слаѓан Михајловски, претседател на Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии.

Со поддршка на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, за компаниите-учеснички на конференцијата беа организирани деловни средби со цел воспоставување на потенцијална соработка помеѓу македонските, компаниите од регионот и Западна Европа. Дополнително, на конференцијата беше организирана и панел дискусија за асоцијациите од регионот кои дискутираа за извоз на софтвер и ИТ услуги. Конференцијата беше поддржана од: Македонски Телеком, Инфомедиа, ОНЕ, Неоком, Реактив и Фупол.

ФОТОГРАФИИ

АГЕНДА / Брошура

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

ПРЕЗЕНТАЦИИ