5-та СЕЕИТА и 4-ти МАСИТ Отворени денови
27-28.09.2007, Скопје, Хотел Александар Палас
Скопје, 27-ми и 28-ми септември 2007 година, МАСИТ со поддршка на Владата на Р.Македонија кабинетот на Министерот за Информатичко Општество, УСАИД регионалната иницијатива за конкурентност и Пактот за стабилност ја организираше конференцијата „5-та СЕЕИТА & 4-ти МАСИТ Отворени Денови„.
Првиот ден на конференцијата 27-ми септември 2007 година беше посветен на ИТ асоцијациите од Југоисточна Европа – СЕЕИТА. Главна цел на конференцијата е воспоставување на рамка за регионална соработка во ИКТ секторот притоа идентификувајќи ги растечките пазари во регионот на Југоисточна Европа и иницирање на нови проекти.
Главни теми на делот посветен на СЕЕИТА се предизвиците и можностите на ИТ работната сила во ЈИ Европа; ИТ инвестиции во ЈИ Европа; отварање на нови пазари за мали и иновативни фирми; глобални можности за иновации и инвестиции; улогата на иновативните центри, инкубатори и технолошки паркови; можности за ИТ работната сила во ЈИ Европа; сертификациски програми за квалитет, национални и интернационални проекти и регионално ИТ брендирање.
Вториот ден на конференцијата, МАСИТ Отворени денови посветен на привлекување на странски директни инвестиции во ИКТ секторот во Македонија се оддржа во просториите на Владата на РМ во Скопје, а го отвори Минситерот одговорен за информатичко општество г-дин Иво Ивановски.
Г-дин Тони Петрески, претседателот на Собранието на МАСИТ изјави „ МАСИТ верува дека со привлекување на директни странски инвестиции во синергија со македонските ИКТ компании, ќе креираме силно, енергично и поефикасно ИКТ општество способно да научи повеќе, да произведе подобро и да расте континуирано.“
Главни теми на МАСИТ отворени денови се привлекување на странски директни инвестиции во Македонија во партнерство со македонските ИКТ компании, истражување и развој во ИКТ секторот, основање на технолошки паркови и центри за совршенство во одредени ИКТ сектори, како и создавање на асоцијации на ИКТ индивидуалци - професионалци.
СЕЕИТА е Унија на ИТ асоцијации од Југоисточна Европа, основана во 2002 година од шест ИТ асоцијации, објавувајки ја нивната визија за поддршка на растот на бизнисот преку развој нарегионалната соработка. Од 2003 година заедно со СЕЕИТА се организира и конференцијата МАСИТ ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ, посветени на актуелните состојби на ИКТ секторот во Македонија.